УГД Живот

Стотици студенти денес во свечена атмосфера присуствуваа на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во Мултимедијалниот центар новите студенти ги поздравија министерот за образование и наука и ректорот на УГД.

На 17 септември во читалната на Правниот факултет при Воронешкиот државен универзитет се одржа тркалезна маса на тема „Локалната самоуправа во контекст на правната, управувачката и политичката култура“, организирана од координаторот на Договорот за соработка меѓу Воронешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија, проф. д-р Наталија Бутусова и претставници на македонскиот универзитет кои учествуваа во свечените манифестации по повод празнувањето на 100-годишнината на Воронешкиот државен универзитет.

Од  13 до 16 септември, хотелот „Десарет“, на крајбрежјето на Охридското Езеро, беше местото каде што се одржа првата ЛЕТНА ШКОЛА по дентална медицина, во коорганизација на Факултетот за медицински науки и Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев‘‘ – Штип.

На 18 септември 2018 година, на 800-годишнината на Универзитетот во Саламанка, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев, го потпиша документот Magna Charta Universitatum, со што УГД се вброи како еден од потписниците на овој значаен светски документ.

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2018/2019 година, почнувајќи од летен семестар и тоа:

Околу 1400 средношколци се пријавија во првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Интересот за УГД и оваа година останува релативно голем кај матурантите, а бројката се очекува да се зголемува во вториот и во третиот уписен рок.

Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип по петти пат ја одржува Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“.

Страница 38 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…