УГД Живот

Со потпишување на Меморандум за соработка, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и државниот Универзитет „Хаџи Зека“ во Пеќ (Косово) отворија можности за соработка на повеќе полиња од образовната и научноистражувачката област. Според ректорот на Универзитетот во Пеќ, проф. д-р Фадил Милаку, двата универзитета имаат големи можности за соработка.

Претставници од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Македонија денеска беа во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во периодот од 10.6.2018 до 12.6.2018 година, проф. д-р Билјана Попеска од Универзитетскиот спортски центар при УГД и ас. м-р Цветанка Ристова од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на првиот Спортски форум организиран од Одделението за спорт при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Паничиште, Република Бугарија.

Од 14 до 17 јуни во Ниш, Република Србија, се одржа Петтиот меѓународен гастро-туристички фестивал, во организација на Здружението на угостителски и туристички работници во Ниш, а истиот е под покровителство на  Министерството за трговија, туризам и енергетика на Република Србија, Туристичката организација на градот Ниш, Кулинарската федерација на Србија и WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).

Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и дневниот весник „Нова Македонија“, од 11 до 14 јуни организира Средношколски медиумски камп во Штип.

Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и дневниот весник „Нова Македонија“, од 11 до 14 јуни ќе организира Средношколски медиумски камп во Штип.

Универзитетот е подготвен и ги очекува новите студенти на УГД кои со сигурност ќе ги имаат најдобрите услови за студирање и напредок, истакна меѓу другото ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев на денешната прес-конференција.

Страница 41 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…