УГД Живот

Правниот факултет при УГД формира мрежа за поддршка и соработка со средните училишта низ државата. Мрежата ќе има за цел да биде заедница која ќе ги зближи средното со високото образование и ќе помага во процесот на снабдување со литература и заеднички проекти.

По трети пат, со што и традицијата не само што е востановена, туку и се одржува, Правниот факултет при УГД ги одржа Деновите на симулирано судење. Тимови од студенти од пет правни факултети во Р Македонија во судницата на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип според однапред одредени правила и критериуми симулираа судења базирани на вистински случаи.

„Студентот со хендикеп ги има истите права како и другите студенти“ е една од пораките што Универзитетот „Гоце Делчев“ ја пренесува преку кампања која се однесува на подигање на свеста за студентите со хендикеп.

По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската Унија“, со акцент на Договорот од Преспа помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Со презентација на софтвер за мотивација на студентите за физичка активност, работилници на теми од спортот, студија на над 1000 студенти за мотивацијата, заврши проектот „Te(a)ching Sport“ во кој учествуваа претставници и студенти на УГД.  

Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на десеттата седница на Наставно-научниот совет му додели Признание на ректорот на УГД, академик проф. д-р Блажо Боев. Признанието за посебен придонес и афирмација на ФПТН е по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ.

Бесплатните оптометриски тестови ќе се реализираат секоја среда од 9 до 12 чaсот, во лабораторијата за оптика и офталмологија на Факултетот за медицински науки (се наоѓа во новиот дел на приземјето во текстилното училиште).

Страница 35 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…