УГД Живот
Фото клубот „Широк агол“ – Штип организираше предавање насловено „Основи на креативната фотографија“, на кое предавач беше истакнатиот македонски фотограф Владимир Јовановски. Тој учествувал на бројни меѓународни изложби и натпревари, излагал во 35 држави и освоил над 100 награди и признанија.
Голем број поранешни и актуелни учители денес свечено ја го промовираа зборникот „70 години учителска школа Гоце Делчев“ во Штип. Монографијата опфаќа истражувања и проекти кои ги прават сите кои на еден или друг начин учествувале во првата учителска школа во градот. Изданието е помогнато од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Женските екипи во одбојка и машката во кошарка викендот ќе одиграат натпревари од редовните кола во своите лиги, во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Женската одбојкарска екипа на „УГД студент“ игра против екипата на ОК „Македонија макс“ од Струмица. Натпреварот се игра во сабота во 18:00 часот.
Покрај доделувањето на признанието „8 ноември“, денес во рамките на одбележувањето на празникот на градот беа промовирани и докторите на науки, од кои најголем дел се дел од наставниот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Изминатиот викенд во Скопје се одржа Меѓународен турнир за млади во одбојка на кој екипата на „УГД студент“ го освои првото место.
Доц. д-р Биљана Балабанова, вработена на Земјоделскиот факултет при УГД, учесник во бројни научни истражувања, е добитник на признанието „8 Ноември“ што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Штип на личности кои во својата област дале придонес за афирмирање на градот.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип постојано ја покажува и докажува својата отвореност за сите сфери од животот во државата, а секако најмногу и логично за сите степени од образовниот сектор.