УГД Живот
Вебометрикс секоја година објавува по два извештаи за рангирање на Универзитетите во целиот свет. Оваа институција рангира преку 23.000 универзитети од целиот свет.
Објавен е Kонкурсот за упис на студенти во новата академска 2019/2020 година. Оваа година има вкупно 4404 слободни места на сите факултети и студиски програми во рамките на Универзитетот.
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за деветтиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодишниот број на зборник.
Во галеријата на Прима центар во Берлин, на 28.6.2019 година (петок) со почеток од 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури насловена „Структурни модификации“ од авторот Слободан Милошески.
При крајот на месец јуни 2019 година, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев, заедно со проректорот за развој, инвестиции и одржување, проф. д-р Дејан Мираковски и професорот на Катедрата за турски јазик, проф. д-р Махмут Челик, остварија средба со ректорот на Државниот Тракиски Универзитет и генералниот конзул на Република Северна Македонија во Истанбул, г. Александар Христов во Ректоратот на Тракискиот Универзитет во Едрене.
Истражувачкиот филмски фестивал Скопје - ИФФС [www.iffs.mk] во соработка со УГД организираа проекција на краткиот документарец „Бајка за лажните вести“ и дискусија посветена на борбата со дезинформации и лажни вести.
Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика кои учествуваа на Меѓународниот гастро-туристички фестивал во Ниш, Република Србија, освоија 8 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали.