Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте оствари средба со Ректорот на УГД и дел од професорскиот кадар. Во кабинетот на ректорот амбасадорката Аксинте се интересираше за условите и можностите кои ги нуди универзитетот, а беа презентирани и можностите за соработка меѓу двете институции.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев ја истакна отвореноста на Универзитетот за можна соработка во однос на студиските програми, развој на нови студиски програми и можност за студентска размена.

Соработката меѓу двете институции може да се согледа најмногу преку Филолошкиот факултет и Техничко технолошкиот факултет. На средбата присутни беа претставници и од Техничко техничкиот факултет.

Стана збор и за соработка на ниво на Министерства на двете држави, а и можноста за заедничка соработка на проект меѓу двете држави.

Петок: 18 февруари 2022 година, 19:00 часот | Europe House

Линк за следење на настанот: https://us02web.zoom.us/j/85440691308

Како и секоја година, „Ноќта на идеите“ и годинава има за цел размена на идеи помеѓу интелектуалците од различни земји, култури и генерации.

Седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ има за тема живот по пандемијата, а целта на дебатата е да се обмислат отпорноста и обновата на општествата соочени со комплексни предизвици во време на пандемија, потоа да се поттикнат солидарноста и соработката меѓу поединците, групите и државите, како и мобилизацијата на граѓанските општества и надминување на предизвиците.

Францускиот институт во Скопје му се приклучува на овој голем настан поканувајќи тројца интелектуалци кои ќе дадат свои видувања на неколку прашања.

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?

Каква визија можеме да имаме денес за иднината?

Како да се возобнови животот по овие долги периоди на затворање?

Учествуваат:

  • г. Пјер Касу Ногуес, француски филозоф, професор на Универзитетот „Париз 8“ и автор на повеќе дела,
  • проф. д-р Ана Димишковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и
  • проф. д-р Емилија Јаневиќ, професор на Факултет за медицински науки во Штип.

Дебатата е со симултан превод.

 

Денот на раѓањето на македонскиот идеолог Гоце Делчев традиционално во Штип беше одбележан со полагање на цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце, кој се наоѓа на објектот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Денот на раѓањето на Гоце Делчев годинава на Факултетот за образовни науки при УГД ќе биде одбележан со чествување кое поради ситуацијата со пандемијата на ковид-19 ќе се одржи онлајн.

Иако меѓу најмладите Универзитетот „Гоце Делчев“ ја задржува втората позиција во Северна Македонија на сите ранг-листи долги години наназад.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Блажо Боев во своето традиционално новогодишно обраќање до студентите и вработените ги истакна најголемите предизвици со кои се соочува УГД изминатите неколку години, но и идните развојни планови.

Како продолжение на соработката меѓу Факултетот за туризам и бизнис логистика и Шпаркасе Банка АД Скопје, и доделувањето на стипендиите од Банката за најдобрите студенти, активностите продолжуваат со ангажман на нови студенти и дипломирани студенти од ФТБЛ во Банката.

Страница 1 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…