УГД Живот
Соработката на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општина Пробиштип преку проектот „Биоотпад“, кој се реализира со европски средства заедно со општини од Грција и од Кипар, продолжи и со активности по повод денот на планетата Земја, 22 април.
Танц фест од програмата „Шер“ вчера беше отворен во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Над сто млади уметници и танчери од цела Европа во три дена ќе настапат на сцената во Штип. Станува збор за уметници од девет универзитети во Европа.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Царинската управа на Р. Македонија имаат широк дијапазон на можности за соработка, што ќе ги вклучува како стручниот кадар, така и студентите на УГД.
Во свечената сала на Правниот факултет при УГД денес беше промовирана книгата „Патеките на транзицијата: Емпириска анализа на македонската и бугарската економија".
Во организација на Хумболт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и „Александар фон Хумболт“, во периодот од 19 до 23 април во Скопје и во Охрид ќе се одржи научна конференција на која ќе присуствуваат добитници на стипендии „Александар фон Хумболт“ од Балканскиот регионот, нивните колеги од Германија, како и видни интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.
Центарот за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа конференција за говор на омраза и медиумите. Станува збор за настан на кој се зборуваше како да се препознае говорот на омраза и како да се избегне.
Предавање на тема „Улогата на наставникот во креирање на активни и здрави училишта“ се одржа на Универзитeт „Гоце Делчев“, од страна на еминентниот професор Марк Клос од Универзитетот во Лиеж – Белгија. Професорот од Белгија зборуваше за улогата на улилиштето како место кое е едно од најважните за развивање на физичката активност.