Приказ на предметите според таг: nauka
Анксиозност при изучувањето на странски јазик
Проф. Марија Тодорова и проф. Весна Коцева од Филолошкиот факултет при УГД во научен труд ја анализираат појавата на анксиозност кај студентите при изучување на странски јазик, која предизвикува несигурност, расеаност, мала самодоверба, отсуство на желба да се посетуваат часовите и да се учи јазикот.
Дали сме подготвени да ја спречиме трговијата со луѓе?
Безбедноста е една од основните потреби на луѓето и основен дел на квалитетниот живот. Елиминирањето на предиспозициите за пораст на криминалот е исто толку важно како што е важна борбата против криминалните активности како илегалната миграција и трговијата со луѓе.
Зошто ензимите се важни за квалитетот на виното
Ензимите се природен и основен елемент во процесот на производство на вино. Овие ензими потекнуваат од грозје, квасец и други микроорганизми поврзани со лозови насади и винарските визби.
Книжевноста како сведок на историјата
Настаните и личностите низ историјата кои биле забележителни и важни за времето во коешто се случиле, односно живееле честопати се предмет или тема на литературно дело.
На тој начин историјата се претвора во уметност која од голема далечина ни ги приближува важните настани кои веќе одамна би биле заборавени. Во трудот со наслов „Книжевноста како сведок на историјата“, доц. д-р Верица Јосимовска од Факултетот за образовни науки при УГД обработува историски настани кои послужиле како инспирација за книжевно дело на тема болест.
Професорка од Факултетот за медицински науки истражува: Дали ги злоупотребуваме антибиотиците?
Проф. д-р Бистра Ангеловска од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип во еден свој труд го обработува прашањето за злоупотреба на антибиотиците, нешто што според неа претставува глобален проблем во јавното здравство.