Приказ на предметите според таг: studenti

„На луѓето со стил не им треба идол туку само инспирација. Ниту јас немам свој моден идол. Желбата за мода е од кога знам за себеси. Oд мала бев опседната да бидам секогаш најубаво облечена и да одам на шопинг. Студирам дизајн на текстил. За пет години се гледам како работам во сопствено ателје. Таму ќе можам да ги развивам креативните идеи и да им помогнам на луѓето да си ги исполнат желбите или, пак, да си го дефинираат сопствениот стил. Би рекла дека девојките во Македонија имаат стил. Можеби не сите, но има доволно храбри да се спротивстават на секојдневието”.

Објавено во Студенти

Во тековната недела, од 18 април заклучно со 30 април, до 24 часот, на платформата за е-учење на УГД за прв циклус студии на секој факултет е отворена анкета за студентите.

- АНКЕТА (- Ф - кратенка од факултетот)

Студентите на прв циклус студии треба да се запишат на курсот АНКЕТА на платформата за е-учење на својот факултет и да го пополнат прашалникот кој се однесува на условите за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Објавено во Студенти

20 студенти од УГД наскоро заминуваат да го претставуваат Универзитетот и Македонија на спортска Универзијада во Антверпен, Белгија. Студентите од УГД таму ќе се натпреваруваат во две категории, во мал фудбал и во одбојка. Се решиле за овие екипи затоа што сметаат дека со овие екипи ќе успеат да постигнат значајни резултати.

Објавено во Студенти

14 студенти оваа година учествуваа на традиционалната манифестација „Ораторска вечер“ која по шести пат се одржа на Правниот факултет при УГД.

Објавено во Студенти

Американското катче во Штип и Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип ве покануваат на инфо сесија со Газменд Илази од Американската амбасада во Скопје.

Објавено во Студенти
Страница 50 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…