Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

Приказ на предметите според таг: studenti

Инфо-клубот кој функционира во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Кампус 2 е формиран со цел да им помогне на студентите во развој на нивната кариера, вработување и пракса. Деновиве Инфо-клубот преку една акција бара од студентите да го споделат искуството со сите останати и да кажат на што ги асоцира  Инфо-клубот во Штип. Информација, пракса, кариера или вработување се работите кои студентите ги поврзува со  Инфо-клубот во Штип.

Објавено во Студенти

Заменик-деканот на Универзитетот за технологија Вухан во Кина деновиве е во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“.  Јуан Гуохуа е во потрага по студенти кои би можеле да добијат целосни стипендии за студирање на нивниот Универзитет во Кина, кој е еден од најдобрите универзитети во оваа држава.

Објавено во Студенти

На симулација на конференција на Обединетите нации учество зедоа и студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“. Од Штип имаше еден тим на кој му беше доделено на симулацијата да ја претставува Народна Република Кина.

Во тимот имаше тројца студенти од Универзитетот „Гоце Делчев: Трајче Арсов, студент на Правниот факултет на насоката Применета политика и дипломатија, Бисера Срцева од Факултетот за образовни науки на насоката Историја со археологија и Билјана Горгиева од Филолошкиот факултет - насока Германски јазик  и книжевност.

Објавено во Студенти

Кошаркарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ за првпат организира Kошаркарски камп за млади со врвни кошаркарски имиња. Кошаркарскиот камп ќе се одржува од 23 до 26 јуни во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Младите луѓе ќе ги учат вештините на кошарката кај едни од најдобрите кошаркари, репрезентативците на Македонија: Бојан Трајковски, Дарко Соколов и Александар Костовски. Заедно со нив и тренерите Тане Спасев – тренер на Асеко Проков од Гдиња, Полска, и Владимир Мирковски од КК Бест.

Објавено во Студенти

Најдобрите студенти од втора, трета и четврта година на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ (Виница, Штип и Струмица) имаа можност да посетат дел од најголемите саеми за техника и машинство на Балканот.

Објавено во Студенти
Страница 43 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…