Приказ на предметите според таг: studenti
(Видео) Прво место за студентите од ФТБЛ на „Туризмијада 2016“
Студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика по вторпат учествуваа на „Туризмијада“ во Црна Гора. Станува збор за манифестација на која се собираат студенти и професори од факултети за туризам од цела поранешна Југославија и се разменуваат идеи, се склучуваат соработки и меѓусебно се натпреваруваат во повеќе активности.
Студентите по новинарство од УГД се обучуваат за истражувачко новинарство
Студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста во изминативе два дена посетуваат значајна обука за истражувачко новинарство, која е дел од проектот „Истражувачкото новинарство чувар на демократијата и човековите права“.
(Видео) Еразмус професори на Факултетот за медицински науки
Професори од Бугарија кои се на Еразмус размена оваа седмица се дел од Факултетот за медицински науки. Тие пред студентите ќе го презентираат Тракискиот универзитет и ќе ги понудат можностите што овој универзитет им ги нуди за студентите. Професорката д-р Татјана Рушковска од Факултетот за медицински науки истакна дека оваа посета е добра основа за почеток на соработката со Тракискиот универзитет и Факултетот за медицински науки.
Интервју со Патриција Дербова, студент и практикант во „Џонсон контролс“
- Студирањето е период во кој секој студент треба да го стекне потребното знаење од одредена област за да може по завршувањето да работи и придонесува за себе и за општеството. Дали сметаш дека тие 4-5 години на студирање се доволни за целосно да се изучи одредена област?
Токму поради недостаток на практична настава во текот на студиите, периодот од 4-5 години не е доволен за да се опфати една цела област. Секој студент треба сам да се избори да го најде своето место како практикант во некоја компанија и да ги добие потребните знаења со кои понатаму ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Кариерата не започнува да се гради по дипломирањето, туку уште во процесот на студирање.
11 мај - Ден на меѓународните студенти
Американското катче во Штип го одбележува Денот на меѓународните студенти - 11 мај. По тој повод утре (среда, 11 мај) ќе се одржат серија презентации кои започнуваат во 10 часот и ќе траат сѐ до 16 часот. Агендата на презентации е објавена на овој линк.