Приказ на предметите според таг: studenti

Студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика по вторпат учествуваа на „Туризмијада“ во Црна Гора. Станува збор за манифестација на која се собираат студенти и професори од факултети за туризам од цела поранешна Југославија и се разменуваат идеи, се склучуваат соработки и меѓусебно се натпреваруваат во повеќе активности.

Објавено во Студенти

Студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста во изминативе два дена посетуваат значајна обука за истражувачко новинарство, која е дел од проектот „Истражувачкото новинарство чувар на демократијата и човековите права“.

Објавено во Студенти

Професори од Бугарија кои се на Еразмус размена оваа седмица се дел од Факултетот за медицински науки. Тие пред студентите ќе го презентираат Тракискиот универзитет и ќе ги понудат можностите што овој универзитет им ги нуди за студентите. Професорката д-р Татјана Рушковска од Факултетот за медицински науки истакна дека оваа посета е добра основа за почеток на соработката со Тракискиот универзитет и Факултетот за медицински науки.

Објавено во Студенти
  • Студирањето е период во кој секој студент треба да го стекне потребното знаење од одредена област за да може по завршувањето да работи и придонесува за себе и за општеството. Дали сметаш дека тие 4-5 години на студирање се доволни за целосно да се изучи одредена област?

Токму поради недостаток на практична настава во текот на студиите, периодот од 4-5 години не е доволен за да се опфати една цела област. Секој студент треба сам да се избори да го најде своето место како практикант во некоја компанија и да ги добие потребните знаења со кои понатаму ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Кариерата не започнува да се гради по дипломирањето, туку уште во процесот на студирање.

Објавено во Студенти

Американското катче во Штип го одбележува Денот на меѓународните студенти - 11 мај. По тој повод утре (среда, 11 мај) ќе се одржат серија презентации кои започнуваат во 10 часот и ќе траат сѐ до 16 часот. Агендата на презентации е објавена на овој линк.

Објавено во Студенти
Страница 47 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…