Приказ на предметите според таг: studenti
Разговор со Моника Крстевска, студентка на Факултет за информатика: Технолошките промени ја разгореа мојата љубопитност
1. Кој беше твојот главен предизвик при изборот на идната професија?
- Од периодот на моето раѓање, па до ден-денес, сведок сум на две големи еволуции. Првата е секако онаа човековата, а втората, големата еволуција во светот на технологијата. Големите промени, што од ден на ден се случуваат таму, ја разгореа мојата љубопитност доволно за да се нурнам во светот на информатиката.
Отворен повик за научни трудови за конференција на Правен факултет
Центарот за Правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ве поканува да учествувате со ваши трудови на Третата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која ќе се одржи во Штип од 1 до 2 септември 2016 година. Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.).
Читајте го 14. издание на студентскиот весник „Студентско ехо“
Неодамна од печат излезе најновото, четиринаесетто по ред, издание на студентскиот весник „Студентско ехо“. Весникот е целосно формиран и уредуван од студентите на студиската програма Новинарство и односи со јавноста.
Студентите од Правен факултет во посета на Општина Штип
Студентите од Правниот факултет остварија посета на Општина Штип.
Во продолжение погледнете ја галеријата од оваа посета:
Студентот Ненад Јованов: во текот на моето студирање имав можност да учам од извонредни професори
1.Кој беше главниот предизвик при изборот на твојата идна професија?
За многумина изборот на професија претставува тежок момент, период на размислувања, предомислувања, анализирања, споредувања... Во мојот случај не беше така. Мојата професија јас ја избрав уште како осмоодделенец. Вродениот талент за пеење, музикалноста и артистичкиот дух коишто ги поседувам без никакво двоумење ме упатија кон оперското пеење. Синтезата помеѓу создавањето уметност, глумата и пеењето совршено се вклопи во она што за мене значи „професија“, личен избор, начин на живеење, поле на коешто најубаво се чувствувам и се доживувам онака како што отсекогаш сум сакал. Поголем предизвик од тоа да го работиш она што најмногу го сакаш – не постои. Така што, уште од деновите кога бев средношколец, мојата професија веќе беше позната, утврдена, маркирана, а мојот животен пат трасиран.