Приказ на предметите според таг: studenti
Студентката Елена Митовска од ЕТФ: Дружењето со колегите не завршува за време на паузите
Елена Митовска, студентка на Електротехнички факултет
1. Кој беше твојот главен предизвик во избор на твојата идна професија?
Живееме во свет во кој електричната енергија е неопходна за нормално функционирање на секој човек и таа потреба од електрична енергија постојано се зголемува, а ресурсите се намалуваат, па затоа сметам дека спасот на тој комфорен живот што го уживаме со технологијата лежи во зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија - токму тоа што одлучив да го студирам.
Распоред за фотографирање на апсолвентите на УГД
И годинава апсолвентите на УГД ќе го вршат традиционалното фотографирање. Дел од нив веќе започнаа со фотографирањето, а за останатите факултети распоредот за фотографирање е следен:
Саем на високо образование на САД во Македонија
На 12 април во Скопје ќе се одржи Саем на високо образование на САД. Саемот ќе опфаќа високообразовни институции од Соединетите Американски Држави кои ќе бидат презентирани пред студентите во Македонија. Ова е можност студентите дел од своето студирање да го поминат во САД или, пак, да го продолжат студирањето на втор и трет циклус студии. Саемот е во организација на „Educational USA“ и Амбасадата на САД во Р. Македонија.
Разговор со организаторите на меѓународниот студентски симпозиум на ФМН
Продолжува проектот „Ментор“ на Филолошкиот факултет и ПСД Словенија
Проектот „Ментор“, кој заедно го спроведуваат Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Преведувачкото биро „ПСД“ од Словенија влегува во втората фаза, во која претставници на словенечкото претпријатие ќе држат обуки за студентите од УГД за применување на најсовремените алатки за преведување, а истовремено преку тестови ќе бидат избрани и најдобрите преведувачи кои ќе можат да добијат можност и да работат за ПСД од Словенија.