Приказ на предметите според таг: studenti
Млади претприемачи ќе ги споделат своите искуства со студентите на УГД
Како е да се биде млад претприемач е главната идеја на трибината што ја организира Инфо клубот кој функционира во рамките на Кампус 2 на УГД.
(Видео) Презентирани најуспешните студентски приказни
Во рамките на одбележувањето на 10 години Универзитет „Гоце Делчев“ денес неколку студенти од УГД ги презентираа своите успешни студентски приказни. Студентите Ангел Кулаков од Правен факултет, Сања Стефанова од Факултет за информатика, Деспина Ристова од Електротехнички факултет и Наташа Арсова од Факултет за медицински науки – стоматологија ги претставија своите приказни и се обидоа да ги мотивираат своите колеги кои денес беа присутни во свечената сала на Правниот факултет при УГД.
Студентки од Италија преку студентска размена на УГД
Студентки од Италија од Универзитетот „Ферара“ престојуваат на шестмесечен студиски престој на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Студентките Јасмин Ахмед и Доменика Дел Бај имаа официјална средба со ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и со деканот на ФМН проф. д-р Рубин Гулабоски, при што ги споделија позитивните искуства од нивниот престој на УГД.
(Видео) Студентите на Филмската академија со награда на ФИОФА
Студентите на Филмската академија при УГД и оваа година се вратија со награда од Филмскиот фестивал ФИОФА во Охрид. Овој фестивал се случува втора година по ред и студентите од УГД се претставија со повеќе филмови и свои дела, а освоија и награда. Наградениот филм е „Уште една чаша кафе“ на студентот Ѓорѓи Лазов.
Ова се тројцата најдобри фотографи од конкурсот на УГД
Фотографијата на Сергеј Смилков, студент во прва година на Ликовната академија при УГД, е избрана за најдобра фотографија на неодамнешниот конкурс објавен од страна на УГД.