Приказ на предметите според таг: nauka
Може ли соларната енергија да биде примарен енергетски ресурс?
Професорот Влатко Чингоски од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во свој труд дава ретроспектива на можностите и начините за ефикасно користење на сончевата енергија како одржлив енергетски извор. Имајќи предвид дека сончевата енергија претставува теоретски непресушен енергетски извор со голем енергетски капацитет, се наметнува прашањето зошто во моментов овој енергетски извор не се користи многу повеќе отколку што тоа се прави денес.
Колку често се користат лекови за време на бременост
Примената на медикаментозна терапија е честа појава кај жените за време на бременоста. Меѓународната студија за гравидни жени, спроведена од Светската здравствена организација, укажува дека 86% од жените за време на бременоста користеле барем еден препишан лек. Во просек, секоја гравидна жена за време на својата бременост користела три препишани лекови.
Иднината на хотелската индустрија
Група научници од УГД во труд објавен во зборник на Универзитетот во Црна Гора даваат преглед на потенцијалните услови кои новите хотели мораат да ги задоволат за да го подобрат нивниот статус од хотел со „паметни” соби во потполно „паметен“ хотелски комплекс.
Употреба на витамините и минералите
Проф. д-р Бистра Ангеловска од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ го истражува земањето на витамини и минерали преку исхраната преку збогатената храна со витамини и минерали и, особено, преку разни препарати и додатоци на исхраната што предизвикува сѐ поголем интерес на корисниците и медицинските работници.
Земјоделски факултет учествуваше на конференција во Скопје со истражување за македонските црвени вина
По покана на Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос од Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип одржа предавање на тема „Биоактивни феноли и антиоксидантна активност на македонските црвени вина“ во рамките на Стручната конференција „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“. Конференцијата се одржа на 19 мај во М6 Едукативниот центар во Скопје.