Приказ на предметите според таг: studenti
(Видео) УГД ФМ го одбележа денот на македонските студенти
Универзитетското радио „УГД ФМ“ на свој начин го одбележа денот на македонските студенти - 11 декември. Во отворена програма која се реализираше од Правниот факултет беа реализирани разговори со студенти на факултетите при Универзитетот „Гоце Делчев“, како претставници на своите колеги кои на свој начин покажале студентски ангажман и придонеле за издигнувањето на улогата на студентите на едно повисоко ниво.
(Видео) Студентите од ФТБЛ со врвни резултати на натпревар по гастрономија во Босна и Херцеговина
Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика освоија две втори и две трети места на натпреварот по гастрономија и диететика во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Студентите на овој натпревар во конкуренција од професионални готвачи ги освоија одличните две втори и две трети места. Речиси во сите категории студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика од УГД освоија награда и се натпреваруваа рамо до рамо со професионални готвачи од целиот Балкан.
Студенти на УГД се обучуваа за мобилно новинарство
„Како да се биде добар новинар само со користење на мобилен телефон“ беше темата за која во изминативе неколку дена се обучуваа студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста. Обуката за мобилно новинарство (Mobile Journalism - МОЈО) беше организирана од Институтот за медиумски иновации. Вториот ден обуката ја отвори Сања Васиќ, уредник на телевизија Телма, која на студентите им зборуваше за моќта на продорот на мобилното новинарство (МОЈО) во традиционалните медиуми.
Работилница за прибирање на идејни решенија за уредување на паркот во Кампус 2
Невладиното здружение Фондација за развој на локалната заедница Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во текот на декември ќе уредат дел од парковата површина на Кампус 2. Идејата е да се направи едно урбано катче за студентите. За реализација на овој проект е потребно идејно решение под мотото „од студентите за студентите“.
Професори од пракса предавачи на Филолошкиот факултет
Проф. д-р Снежана Велковска, научен истражувач од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, неодамна одржа предавање на Филолошкиот факултет при УГД – Штип. Предавањето се однесуваше на многу интересна и актуелна тема – македонската неофразеологија. На предавањето присуствуваа студенти од сите катедри на Факултетот и наставничкиот кадар од Филолошкиот факултет.