Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Во текот на минатата и оваа недела екипите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа во есенскиот дел од натпреварите во државните универзитетски лиги во организација на Унивезитетската спортска федерација на РМ, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

Во Наставниот центар на УГД во Скопје беше одржан деветтиот состанок на Бизнис клубот на Општина Гази Баба. Во Бизнис клубот на оваа општина членуваат едни од најголемите компании од приватниот сектор во нашата земја, а според статистичките податоци на територијата на Општина Гази Баба се генерираат две третини од бруто-домашниот производ на Република Македонија.

Деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, доц. д-р Драгана Кузмановска, учествуваше на Тркалезна маса како гостин-предавач пред студентите по германистика на Факултетот по класични и нови филологии при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Студентскиот парламент на УГД (СПУГД) продолжува со активности по повод Нова година. Оваа година СПУГД се погрижи предновогодишната атмосфера да ја почувствуваат и дечињата со посебни потреби.

Студентите на Технолошко-технички факултет, под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска, трета година по ред учествуваат на Хуманитарна модна ревија со детски модели во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, по повод празникот Св. Никола. Ревијата е во чест на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески. Тој секогаш на овој празник организираше хуманитарни концерти и им помагаше на оние кои најмногу имаа потреба од помош.

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од страна на  седум ректори на сите јавни универзитети во Република Македонија беше потпишана Декларацијата за универзитет без корупција. Со Декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и за генерална превенција на корупцијата на универзитетите.

Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за странски јазици и судски преводи „Германика“ во Штип организираат Германска божиќна забава, со цел да се претстави дел од католичката традиција за божиќните празници.

Страница 50 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…