Приказ на предметите според таг: studenti
Права и обврски на студентите: Колку треба да траат предавањата и испитите?
УГД ЛАЈФ го продолжува серијалот за правата и обврските на студените во рамките на Европскиот кредит-трансфер систем. Во претходните текстови го објаснивме ЕКТС и обемот на оптовареност на студентот, а сега ќе ве информираме за тоа што велат правилата за должината на предавањата, вежбите, испитите и семестрите. Колку сето тоа треба да трае?
Студентите од Машински факултет на практична настава во македонските производствени капацитети
Студентите на Машинскиот факултет при УГД редовно се на терен и посетуваат економски капацитети и останати институции со цел да се стекнат со практично знаење од својата област. Овој пат студентите од трета и четврта година на овој факултет беа во посета на фабриката „Маркарт“ во Велес.
Меѓународен научен симпозиум за студентите на медицинските и биомедицинските науки
Факултетот за медицински науки при УГД организира Меѓународен научен симпозиум за студентите. Интернационалниот студентски симпозиум е насловен „Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge“.
Стипендии за студирање во Русија
Амбасадата на Руската Федерација распишува Конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии на високообразовни институции во Руската Федерациjа во академската 2016/2017 година. На запишаните студенти од Македонија, Владата на Руската Федерациjа ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување, какви што се предвидени и за руските државјани.
МОН доделува стипендии за втор циклус студии на ФАМУ во Прага
Министерството за образование и наука за академската 2016/2017 година ќе додели 3 (три) стипендии на студии од втор циклус од областа на филмската и музичката уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.