Приказ на предметите според таг: studenti
Работилница за повикот за идеи кои би помогнале за климатските промени
Пред заинтересираните студенти и млади луѓе денес во Кампус 2 се одржа работилница на која беше претставен т.н. климатски предизвик – од тебе зависи. Станува збор за повик за сите граѓани да доставуваат идеи со кои би помогнале во намалувањето на проблемите од климатските промени.
Студенти од Филолошки факултет учествуваа на работилница за превод
Студентите од трета и четврта година од Катедрата за германски јазик и книжевност во Штип беа дел од тридневната Работилницата за превод на книгата „Седмата страна на коцката“ од Влада Урошевиќ, која се одржа во германската читалница во Скопје во периодот од 12 до 14 мај, организирана од Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка – Скопје, поддржана од страна на Гете институтот во Скопје.
Отворени денови на Кампус 2
Кампус 2 при Универзитет „Гоце Делчев“ денес беше домаќин на преку двесте средношколци од повеќе средни училишта во Штип. Средношколците имаа можност да ги видат лабораториите кои се едни од најсовремените од оваа област во Македонија и се здобија со информации за тоа што ги очекува доколку се запишат на Универзитет „Гоце Делчев“, на некој од техничките факултети кои се сместени токму на Кампус 2.
Студенти од УГД на „ЕУ појадок“
Студенти од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип присуствуваа на „ЕУ појадок“, кој по повод денот на Европа на 10 мај се одржа во Клуб на пратеници во Скопје. Во склоп на настанот на студентите им беа доделени сертификати за учество во четвртата по ред дебата од дебатниот циклус „ЕУ ѕвезди“, организиран од Секретаријатот за европски прашања. Студентите од Правен факултет на дебатата одржана на 20 април дебатираа на тема „Образовни политики: квалитет наспроти квантитет“ изнесувајќи ја од една страна потребата од квалитетно високо образование, а од друга страна потребата од еднаква можност за сите да го остварат своето право на високо образование.
Илија Брндевски: Мојот сон беше едноставен
Мојот сон беше едноставен. Како мал сонував да бидам моден дизајнер. Толку. Ништо друго не ме правеше посреќен, ниту ми овозможуваше повеќе среќа од дизајнерството. Памтејќи ги зборовите на Шанел дека „за да бидеш незаменлив, треба само да си различен", гледајќи ги најпознатите во таа област, како Армани, Версаче, Карден, посакував и јас да бидам еден ден како нив. И знам дека ќе бидам. Заради тоа пораснав, заради тоа се запишав на факултет. Бидејќи еден ден моите креации ќе ги има на модните писти, бидејќи моето име ќе биде на телевизија, бидејќи ќе ги облекувам познатите светски ѕвезди. Јас сум подготвен да го остварам мојот сон. И знам дека ќе успеам.