УГД Живот
Десеттиот регионален форум за здравствен, велнес и спа туризам, што се одржа на 22 октомври во хотелот „Холидеј ин“ во Белград, собра учесници, предавачи и експерти за велнес и спа туризам од 10 европски држави.
Соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и компанијата „Икс фактор акцелератор“ од Велес влезе во нова фаза, која подразбира конкретизирање на активностите преку поконкретно доближување на можностите до студентите, професорите и останатиот кадар на Универзитетот, кои имаат добри бизнис идеи и сакаат да основаат стартап бизнис.
По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија во повеќе категории. На манифестацијата Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за особен придонес во туризмот.
Универзитетот „Гоце Делчев“ преку одделението за меѓународна соработка го организираше Еразмус денот 2019.
По повод одбележувањето на #ErasmusDays2019 УГД организира целодневен настан преку кој ќе ги доближи студентите до програмата Еразмус+ и можностите кои ги нуди оваа програма.
Универзитетот „Гоце Делчев“ преку свечен академски час им посака добредојде на близу 1500 нови студенти кои во наредната студиска година ќе бидат дел од УГД. На свеченоста свое обраќање имаше претставник од студентите. Студентот во четврта година на Факултетот за информатика, Никола Крстев, го сподели своето искуство со сите студенти.
На 18 септември на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, беше одржана тркалезна маса со учество на правозаштитни организации и државни институции на тема „No-hate-BG: заедно во заштита на малцинствата и во превенцијата на престапите од омраза“.