УГД Живот
Над 500 кандидати се пријавија за запишување во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на првиот ден од првиот уписен рок. Со тоа започна трката за едно од 4404 слободни места на 12 факултети и три академии, а во првиот уписен рок документи ќе се поднесуваат до 2 септември.
Започна првиот уписен рок за запишување на студенти во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Според Конкурсот, слободни се 4404 места, од кои 2675 за редовни студенти во државна квота, 969 за редовни студенти во квотата со кофинансирање и 760 за вонредни студенти.
Од понеделник (26 август) Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип започнува со реализирање на уписите на нови студенти во студиската 2019/2020 година. Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев денес на прес-конференција истакна дека УГД е универзитет кој нуди квалитетно образование и добри услови за новите студенти.
Факултетот за информатика во текот на септември организира подготвителна настава по програмирање во C или C++ и математика за идните студенти. Подготвителна настава ќе се одржува во просториите на Универзитет „Гоце Делчев” во градовите Штип и Струмица, а ќе ја изведуваат професори и асистенти од Факултет за информатика.
Група од дваесетина студенти во изминатиов период се во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Посетата е како резултат на соработката што УГД ја има со Универзитетот од Самара, Русија.
Александар Лонгуров и Стефан Коцев се двајцата студенти од Факултетот за медицински науки кои се добитници на меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“. Наградата, во износ од 1000 евра, ја доделува ЕМАРИ Институтот, а се доделува по повод достигнувањата на студентите во својата област во рамките на студирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Двајцата се студенти во петта година на УГД.
Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Факултетот за образовни науки и Институтот за применета философија и етика, во соработка со Издавачката куќа АРС-Ламина - Скопје, организираат Летни книжевни разговори во рамките на Штипско културно лето, на 23, 24, 25 јули со почеток во 19 часот во ОМЦ Киро Глигоров во Штип.