УГД Живот

Филолошкиот факултет, заедно со Здружението на преведувачи и толкувачи (MATA) организираше работилници за преведување и титлување, како и презентација на Конкурсот за избор на најдобар млад преведувач „Вавилон 2020“.

Новоформираниот Центар за трансфер на технологии при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип со панел-дискусија „И стартап е опција“ се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела на претприемништво.

Црвен крст - Штип во соработка со Службата за трансфузиона медицина организира Крводарителска акција иницирана од техничките факултети при УГД, во рамките на Кампус 2.

Минатиот викенд по шести пат во Штип се одржа трка во планинско трчање „Струмина треил".  Патеката е со должина од 18 км, со старт од СОУ „Јане Сандански" до местото познато како Куртбунар.

Студентите од Технолошко-технички факултет со изработка на детска колекција се претставија на модна ревија во Благоевград, Бугарија, на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски" на Факултетот за уметности, насоката Моден дизајн.

Продолжуваат натпреварите во првата одбојкарска лига мажи и жени. Првиот натпревар ќе се одигра утре (15.11.2019 г.) во Тетово. Машката екипа на УГД ќе се сретне со екипата на ОК Лирија од Тетово. Натпреварот ќе се игра во Тетово со почеток во 19.00 часот.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип преку новоформираниот Центар за трансфер на технологии ќе се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела на претприемништво која трае од 18 до 24 ноември 2019 г.

Страница 20 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…