УГД Живот

Во рамките на караванот на деветтото издание на Филозофскиот филмски фестивал, Институтот за применета философија и етика при Факултетот за образовни науки – Штип организираше прикажување на два наградени филмови во долгометражна и краткометражна продукција.

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип од јуни 2018 година учествува во проект на ЕУ насловен  „EU4TECH“. Целта на тој проект е да се воспостават првични идеи за поттикнување на научниот кадар и искористување на научниот потенцијал на истражувачите во научните институции кон изработка и воспоставување на односи со стопанството кои ќе резултираат со применети истражувања за потребите на истото.

Вицегувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија одржа предавање пред студентите на Економски факултет на кампусот во Штип.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на финалниот турнир на Државното првенство во одбојка во младинска конкуренција.

Факултетот за туризам и бизнис логистика го организира 4. Меѓународен гастрономски фестивал „Cook and Serve 2019“.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип, проф. д-р Блажо Боев, вчера потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за воспитни и образовни науки од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек.

Студентите на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки при УГД успешно го организираат Вториот конгрес, оваа година на тема „Што значи медицината – ако умираме сите“. Претставникот на Организацискиот одбор на Конгресот, студентот Коста Замановски изрази благодарност до УГД за поддршката во организацијата, но и до Клиничката болница „Аџибадем систина“, како и до останатите кои го помогнаа одржувањето на Конгресот.

Страница 27 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…