УГД Живот

Во време на ковид 19 Универзитетот „Гоце Делчев“ беше меѓу првите високообразовни институции во државата што бргу се адаптираше на новонастанатата ситуација. Благодарение на тоа што претходно имаше поставено база од информатички систем, УГД се приспособи и почна со онлајн предавања многу кратко по прекинот на физичката настава.

Новонастанатата ситуација предизвика реакција и кај студентите и кај професорите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, и заедно дојдовме до став дека целта на Универзитетот е да не се прекине образовниот процес и дека ги имаме сите услови за успешно да го завршиме семестарот.

Покрај електронското пријавување, кое се одвива веќе подолго време, УГД од денес отвори и физички пунктови за прием на документи во првиот уписен рок.

Од 24 август до 1 септември УГД отвора повеќе пунктови за прием на документи за упис на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Искористете го летниот период за да се префрлите на УГД.

Првите 210 новозапишани студенти кои ќе имаат најдобар успех од средно образование ќе имаат можност да студираат бесплатно во прва година, односно да бидат ослободени од партиципација за првата година од студиите. Останатите трошоци за студии студентите ќе ги покриваат сами.

Сите заинтересирани студенти од 1 јули ќе можат да се пријават на електронскиот систем на УГД во однос на веќе објавениот Kонкурс за упис на нови студенти. Пријавувањето годинава започнува порано и ќе се одвива електронски, според сите актуелни протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

Страница 13 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…