УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од 1 јули ја отвора електронската платформа за пријавување на заинтересираните кандидати за упис во прва година во академската 2020/2021 година. Поради актуелната ситуација со здравствената криза и ризикот за здравјето на граѓаните, УГД е подготвен уписите комплетно да ги реализира електронски.

Проф. Џорџ Ричардс од Универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија во петок, 26 јуни, ќе одржи предавање за студентите на УГД преку интернет.

„Размислуваа прво за дизајнот на маските, конструкцијата, бараа ’совршен крој’, истражуваа... сфатија дека би сакале со маската да пренесат и порака, па така одлучивме секој студент да напише порака на лист хартија, но не која било, туку онаа што го мотивирала низ целиот овој процес на креација“, вели професорката Сања Ристески.

Состојбата која го затекна високото образование предизвика потреба од промена во начинот на образование. УГД се приспособи на новонастанатата ситуација и преку користење на своите електронски алатки успеа успешно да се справи и да го одржи наставниот процес.

Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, учествуваше во првата дебата од серијалот Корона онлајн дијалози за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз повеќе процеси во општеството.

Наставата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во време на коронавирус кризата се одвива преку интернет и до сега без особени пречки и проблеми.

Делегација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, составена од ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров учествуваше во одбележувањето на 117-годишнината од загинувањето на симболот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Страница 14 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…