УГД Живот

Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги утврди термините за организирање на дополнителна априлска сесија, колоквиумска недела и за продолжување на рокот за запишување на зимски семестар за учебната 2019/2020 година.

13 години УГД

На денешен ден пред 13 години беше формиран Универзитетот „Гоце Делчев“. Во услови на вонредна состојба во државата Универзитетот ги одложи сите предвидени активности по повод одбележување на овогодишниот ден на УГД. Преку електронска порака до вработените и студентите се обрати ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев.

Во целата ситуација со коронавирусот – Ковид 19, улогата на стручната јавност, на лекарите, инфектолозите, епидемиолозите е клучна, смета проф. д-р Вело Марковски, инфектолог, професор на Факултетот за медицински науки.

Поради настанатата ситуација со вирусот „Ковид 19“ Универзитетот „Гоце Делчев“ од вчера започна процес на интерактивни предавања преку интернет за своите студенти.

Ве известуваме дека рокот за апликација за Еразмус+ мобилности 2020/2021 за студенти и вработени е продолжен и ќе трае заклучно со 10 април, 2020 година.

Професорот Анте Милиќ од Универзитетот во Загреб одржа неколку предавања во рамките на семинар за студенти и средношколци во Штип. Тој изминатата недела преку програмата Еразмус е гостин на УГД и Музичката академија каде што одржа семинар и концерт на кој присуствувале студенти од академијата, но и средношколци од Штип и Скопје.

Од 12 до 27 март 2020 ќе се одржи деветтото издание на Универзитетските спортски игри. Организатор на овој традиционален настан, кој е во знак на одбележувањето на Денот на основањето на УГД, е   Универзитетскиот спортски и културен центар. Студентите може да се пријават за учество во следниве дисциплини:

Страница 15 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…