УГД Живот

Проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки при УГД е избран за почесен професор на Социјално-педагошкиот институт во Москва.

Во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Педагошкиот факултет, т.е. Факултетот за образовни науки, на 13 октомври се одржа свеченост во чии рамки се одбележа и пензионирањето на проф. д-р Блаже Китанов, еден од петтемина професори кои учествуваа во основањето на Педагошки факултет „Гоце Делчев“ во 1995 година, кога Педагошката академија прераснува во Факултет.

Договор за соработка потпишаа Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Агенцијата за национална безбедност.

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше дел од настанот „Дојди на Пониква, запознај го регионот!" во организација на канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - Скопје. Настанот, кој опфати излагања на вклучените стеикхолдери и планинарска тура до локалитетот Раткова скала, ги промовираше природните богатства на Осоговието како начин за унапредување на одржливиот туризам во Источниот плански регион.

Вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се реализира на 14 и 15 септември 2020 година.

Започнете ја новата студиска година во духот на програмата Еразмус плус и збогатете ја вашата Еразмус+ колекција со интересна награда.

Првичните резултати од првиот уписен рок на УГД говорат за задоволителен интерес за студирање на УГД. Според информациите од проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, бројката на студенти е приближно иста како и минатата година и таа се движи околу 1100 кандидати за сите 12 факултети и 3 академии во рамките на УГД.

Страница 12 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…