УГД Живот
Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од четврток, 22 декември, започнува со манифестација која треба да прерасне во една убава традиција, преку која ќе ги обедини сите образовни факултети во Р.Македонија. Станува збор за инспиративни говори на студенти и учители, а мотото на манифестацијата е „Учителите го менуваат светот“.
На 15 и 16 декември 2016 година, во хотел „Инекс Горица“ – Охрид се одржа Меѓународна научна конференцијата „Современите концепти на кризниот менаџмент“ во организација на Центарот за управување со кризи, заедно со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Џонс Хопкинс“ (”Johns Hopkins“), Факултетот за образовни науки (САД), како и Универзитетот „Колеџи Бизнеси“ (”Kolegji Biznesi“) – Приштина, а со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Советот за јавни набавки ја зацврстуваат својата соработка, а за таа намена потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и претседателот на Советот за јавни набавки, Борче Христов, на средбата што се одржа во Ректоратот на УГД.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во изминатите години ја покажа својата општествена одговорност преку различни хуманитарни акции, учествувајќи во многу хуманитарни и добротворни активности.
Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Агенцијата за електронски комуникации потпишаа Меморандум за соработка, со кој ја прошируваат меѓусебната соработка на повеќе полиња.
По иницијатива на студентите на Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, се објавува Повик за учество на Прва студентска конференција за историја и археологија.
Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжувајќи ја својата политика на отвореност и соработка на 9 декември 2016 година воспостави соработка и со Универзитетот во Загреб. Соработката се воспостави преку посетата на ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев на Универзитетот во Загреб.