Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Проф. д-р Милица Шкариќ, која предава на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, од 4 до 8 април ќе одржи мастерклас по пијано во Белгија. На мастеркласот ќе учествуваат младите пијанисти Лоранс Мот ди Фалис, Роман Декувиј, Ема Фарево, Бенжамин Думонт, а покрај нив и Петре Штерјов од Музичката академија при УГД.

Деканката на Електротехнички факултет при УГД, проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска, во своето интервју за универзитетската телевизија и радио посочи дека пазарот на труд има многу голема потреба од кадар токму од нивниот факултет.

Доц. д-р Никола Цуцулески, професор по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, ја имаше честа да му биде домаќин на г. Јован Околиќ, гостин-предавач од пракса.

На 6 април (среда) на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД  предавање ќе одржи Ненад Пантовиќ, студент на УГД, кој е еден од сопствениците на македонскиот бренд „Сињори“.

Голем број заинтересирани млади од сите краеви на државата викендов пристигнаа во Штип на велосипедската трка по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Со свечена седница на Универзитетскиот сенат и со промоција на почесен доктор на науки УГД го продолжи одбележувањето на девет години од своето постоење. На свечената седница во својот говори одржаа ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Во својот говор ректорот Боев истакна дека овој Универзитет во централното место ги става своите студенти и им порача на нив да ја употребат својата имагинација само така ќе стигнат насекаде во универзумот.

Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ започнува денес во 11.00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип. Голем број на велосипедисти од цела Македонија денес пристигнаа во Штип со цел да учествуваат на оваа трка. Голем број на дечиња и студенти ќе бидат дел од рекреативната и јуниор трката која исто така е дел од овој настан.

Страница 88 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…