Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

На 26 април (вторник) со почеток во 12 часот во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ ќе се одржи трибина УГД е-универзитет.

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на отворени Еразмус плус денови имаа можност да се запознаат со можностите што ги нуди оваа програма за размена и мобилност во рамките на високообразовните установи во Европа. Отворените денови се одржаа во Кампус 2 на УГД, а на нив се обрати и директорот на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Дарко Димитров.

Осма по ред традиционална „Tуристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот“, организирана од страна на студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика – Гевгелија, ќе се одржи на 26 април 2016 г. во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

Центарот за правно и политичко истражување при Правниот факултет на УГД организираше уште една од серијата дебати на тема „Говор на омраза на интернет“.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Блажо Боев оствари средба со амбасадорот на Белгија во Р. Македонија, г-ѓа Аник Ван Калстер. За време на средбата ректорот Боев ја запозна амбасадорката со Универзитетот „Гоце Делчев“, во насока за евентуална идна соработка и заеднички проекти. Ректорот Боев истакна дека е разговарано за соработката во областа на образованието, истражувањето, студентската размена и студентите:

На 15 април студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, на насоките Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско-ресторанска насока на дисперзираните студии во Скопје, го посетија шестиот Меѓународниот саем за туризам „СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ“.

Во рамките на COST акцијата TD1409 - Mathematics for Industry Networks, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е организатор на еднодневната индустриска работилница на тема „Што можат математичарите да направат за вас?“, која ќе се одржи во четврток (21.4.2016 год.), во свечената сала на Кампус 2 во Штип. Регистрацијата е од 9.30 часот, а можат да присуствуваат сите заинтересирани.

Страница 85 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…