Приказ на предметите според таг: nauka
Научен труд на професори од ФМН: Користењето на антибиотици кај децата е голем предизвик
Користењето лекови кај бебињата и децата повлекува серија на предизвици, имајќи го предвид фактот дека децата се особено нежни во поглед на користењето на лекови.
(Видео + аудио) Следете ја дебатата: „Митови и вистини за вакцините“
Универзитетското радио „УГД ФМ“, по повод Светскиот ден на здравјето (7 април), организираше радио-дебата на тема „Митови и вистини за вакцините“. На темата беа поканети професори и експерти од оваа област од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Оксидацијата на протеинот анкирин од еритроцитните мембрани како можен фактор во патогенезата на анемичниот синдром кај болните на хемодијализа
Основната цел на научноистражувачкиот проект со наслов „Оксидирани протеини кај пациенти на хемодијализа – влијание на суплементацијата со витамин Ц“, раководен од проф. д-р Татјана Рушковска, е да се даде една нова димензија во проучувањето на оксидативниот стрес кај пациентите на хемодијализа.
Дебата на радио: Митови и вистини за вакцините
Универзитетското радио „УГД ФМ“ организира отворено студио во Кампус 2, каде што на темата „Митови и вистини за вакцините“ ќе дебатираат професори, асистенти и студенти на медицина и граѓани.
Целта е за оваа сензитивна тема да ги консултираме најповиканите и најголемите експерти во областа. Ќе слушнете разговори со професори по инфектологија, епидемиологија, општи лекари и професионалци. Дали навистина вакцините се штетни? Слушајте на радио од 12 до 14 часот на 91.00 мегахерци или онлајн на http://ugdfm.ugd.edu.mk/.
Истражување на металогенетските и геохемиските проучувања на неметалните суровини на Селечка Планина, Македонија
Научноистражувачкиот проект „Металогенетски и геохемиски проучувања на наоѓалиштата на неметални минерални суровини на Селечка Планина, Р. Македонија“ со финансирање започна на 1 април 2014 година, со период на финансирање од две години.