УГД Живот

Факултетот за туризам и бизнис логистика по единаесетти пат успешно ја организираше традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Годинава изложбата се одржа во просториите на Наставниот центар на УГД во Гевгелија, а истовремено беше организиран и отворен ден за средношколците и за граѓаните на Гевгелија и регионот.

Професор д-р Васо Талески од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е еден од четирите добитници на највисокото професионално признание што го доделува Македонското лекарско друштво, Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.

Правниот факултет при УГД преку својата неодамна формирана мрежа со средните училишта во Македонија организираше симпозиум на тема „Мрежата за демократија и владеење на право преку образование“. 

Уредничката и новинарка на угледниот американски весник „Вашингтон пост“ Миранда Спивак одржа работилница за истражувачко новинарство за студентите на УГД.

Универзитетот „Гоце Делчев“ за првпат учествува во седмата Авицена женска трка во Скопје. Трката се одржа минатиот викенд, а УГД учествуваше со тим од 20 вработени. Трката покрај промоцијата на значењето на физичката активност за жените има и хуманитарен карактер. 

Миранда Спивачк, поранешен новинар и уредник во угледниот „Вашингтон пост“ во САД ќе одржи работилница пред студентите на УГД. Работилницата ќе биде на тема „Истражувачко новинарство“.

Во изминатите 12 години Универзитетот „Гоце Делчев“ запишал преку 30.000 студенти на сите 12 факултети и 3 академии кои се наоѓаат во рамките на Универзитетот.

Страница 29 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…