УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот во Крагуевац денес ја возобновија својата соработка.

Се повикуваат сите студенти на УГД да сe пријават за учество на натпреварите од универзитетските спортски лиги на УГД. Ќе се организираат натпревари во следниве категории:

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и Ифа Елерајд, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денес потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот предвидува низа заеднички проекти, а ќе започне со дебата што ќе ја организираат двете институции.

Со победа над екипата на „Ускана“ од Кичево со 3:1, женската екипа на „УГД студент“ обезбеди пласман во четврт-финалето на Купот на Република Северна Македонија.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев, оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Филолошкиот факултет заедно со издавачката куќа „Просветно дело“ организираа Советување за наставници, филолози, студенти и професори за тоа како најдобро да се употребуваат актуелните списанија за деца и млади во наставниот процес. Идејата е да се обрне внимание на македонскиот јазик и литература и да се поттикне љубов кон пишаниот збор.

Шефот на Mисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, денес се сретна со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев. Средбата имаше за цел да се продлабочи веќе воспоставената соработка меѓу двете институции и да се создадат услови за работа на нови проекти.

Страница 32 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…