УГД Живот

Во организација на Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД денес се одржа Ден на француската култура, каде што беа промовирани културата, традицијата и можностите за студирање.

Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, престојуваше во работна посета на Словенија. Проректорот Барбареев се сретна и разговараше со проректорот за квалитет на Универзитетите во Марибор, проф. д-р Лучка Лорбер, и проректорот за настава на Универзитетот во Копер, проф. д-р Соња Рутер, како и со раководителите на центрите за квалитет на овие универзитети.

Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД ќе започне со организација на работилници кои ќе имаат за цел да ги развијат интеркултурните вештини кај учесниците и да ги запознаат со културата, традицијата и обичаите на другите земји.

Во рамките на потпишаниот Договор за соработка помеѓу Филолошкиот факултет при УГД и Филозофскиот факултет во Ниш, со свои предавања на Филолошкиот факултет при УГД гостуваа проф. д-р Снежана Милосављевиќ-Милиќ,  доц. д-р Јелена Јовановиќ и доц. д-р Снежана Божиќ од Филозофскиот факултет во Ниш.

Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип го најавува првиот Интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина на тема „The body is your temple – keep it pure and clean for the soul to reside in“, кој ќе се одржи на 6 декември 2017 година во Мултимедијалниот центар во просториите на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип. На симпозиумот ќе учествуваат врвни предавачи – научници од светски рамки со пленарни предавања распоредени во две сесии.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, присуствуваше на одбележувањето на 40 години од основањето на Факултетот за безбедност во Скопје.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Здружението на новинари на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Во просториите на Ректоратот на УГД се одржа средба меѓу ректорот Блажо Боев и претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани и останати претставници од Здружението.

Страница 52 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…