УГД Живот

Сепак, на Универзитетот можете да ја чуете мислата – каде оди светот во областа на науката, кои се тие големи вредности кои науката ги даде на нашето време, каде оди овој свет, дали ние знаеме зошто живееме, каква е смислата на животот, кон што стремиме, каде сме се вдале  - тоа се само дел од прашањата кои на свој начин ги поставија петмина професори, кои со свои инспиративни презентации се обидоа науката да ја приближат до студентите и до јавноста.

Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на своите студенти им овозможи средба со познатата австриска писателка Роземари Ајхингер.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во наредните денови се вклучува во организацијата на два концерта кои имаат хуманитарен предзнак. Најпрвин во четврток, 23.11.2017 година, со почеток во 20 часот, во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи концерт на Васил Хаџиманов бенд. Цената на влезниците за овој концерт е 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

На 17 ноември во просториите на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беше реализирана првата координативна и работна средба на тимовите од Македонија кои управуваат со проектот „Биоотпад“.

На Правниот факултет при УГД се одржа уште една од серијалот работилници во рамките на проектот „Превенција од дискриминација и постапување во случаи на криминал од омраза и говор на омраза“, кој Правниот факултет под менторство на доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска го спроведува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На 17 ноември, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи работилница на тема „Слобода на изразување“.

Министерството за образование и наука на Република Македонија (МОН) објави Повик за пријавување на интензивни постдипломски студии за наредната  2018 година во американски институти. Повикот е наменет за универзитетски професори и професори од средните училишта во Република Македонија.

Страница 53 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…