УГД Живот
Ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, заедно со проректорите проф. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Дејан Мираковски, како и деканот на Факултетот за природни и технички науки проф. д-р Зоран Десподов, престојуваат во посета на Mинерално-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ во Софија, Бугарија.
Факултетот за медицински науки во континуитет ќе организира семинари за студентите за различни актуелни теми.
Денот на народното востание на Република Македонија – 11 Октомври беше одбележан во целата држава, а централното одбележување се случуваше во Скопје, пред споменикот на ослободителите на Скопје.
Македонската академија на науките и уметностите одбележa јубилеј 50 години од формирањето - МАНУ е основана на 23 февруари 1967 година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески.
Денот на германското единство - 3 октомври беше одбележан во Штип во организација на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип.
Од 25 до 29 септември на УГД престојуваат надворешни евалуатори од Европската асоцијација на универзитети, кои треба да направат надворешна евалуација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во сите негови делови – во поглед на едукацијата на студентите, истражувачките активности, соработката со другите универзитети во Македонија, во Европа и во светот, соработката со стопанството, оштествената одговорност кон општеството во кое опстојуваме.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е домаќин на една од работилниците на проектот „Teaching sport“, во кој покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како партнери се вклучени Одделот за спорт на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија (Р Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).