УГД Живот

Серијата семинари на научни, но и популарни теми на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со Семинарот од областа на невронауките, кој предизвика големо внимание кај студентите. Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека  е чест за ФМН што професори од различни области, од електрохемија, од невронауки и од психологија, на крај ќе дојдат до заеднички заклучоци.

Како и во претходната година, така и годинава студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика во соработка со Студентскиот парламент при УГД ја организираа втората по ред Меѓународна конференција и работилница за студенти на туризам и бизнис логистика.

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 20 октомври годинава по првпат го организираше гастрономскиот настан „Вкуси ја Гази Баба“ во просториите на наставниот центар на УГД во Скопје.

Доц. д-р Тања Ангелкова-Петкова и ас. м-р Цветанка Ристова учествуваа на VIII Меѓународна конференција за здравствена, велнес и спа индустрија што се одржа на 19 и 20 октомври 2017 година во археолошкиот парк Виминациум, Костолац, „Domus Scientiarum Viminacium“, во Србија. Конференцијата беше организирана од Кластерот за здравствен, велнес и спа туризам на Србија, со поддршка на ЦЕИ (Централна европска иницијатива) и институционална поддршка од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, како и Агенцијата за развој на Србија.

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 24 и 25 октомври ја организираше својата Прва меѓународна научна конференција на тема „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ во Хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

Во организација на Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија, д-р Валентина Илиева, одржа предавање на тема „Австрискиот национален празник“  по повод  националниот празник на Австрија - 26 октомври.

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, беше одбележан со полагање на цвеќе и одавање почит пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Страница 55 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…