УГД Живот
Доц. д-р Дарко Лазаров од Економски факултет при УГД ја доби престижната награда за најдобар млад макроекономист за 2017 година што Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ја доделува за најдобар истражувачки труд од областа на макроекономија, банкарство и банкарски системи.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше Отворени денови во Струмица и во Кавадарци. Средношколците од Струмица и од Кавадарци имаа можност да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски и спортски активности, за учество во програмите за студентска работа на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето стипендии.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев, по повод 10-годишнината на Универзитетот неодамна имаше гостување во медиумите. Едно од тие интервјуа ви пренесуваме во целост. Станува збор за интересен разговор во кој ректорот на УГД зборува за рангирањето на Универзитетот како второрангирана институција од сите високообразовни установи во Република Македонија.
Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со Отворените денови, на кои се претставуваат можностите што ги има УГД за студирање и здобивање со високо образование.
Во рамките на активностите поврзани со превенција од дискриминација и постапување во случаи на криминал од омраза и говор на омраза, кои Правниот факултет ги остварува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се одржа Обука од алумни за антидискриминација, говор од омраза и криминал од омраза.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го организираше првиот од повеќето Отворени денови, на кои сите заинтересирани, пред сѐ средношколците од завршните години, ќе се информираат за можностите за студирање на факултетите и академиите при УГД. Во Штип, на штандови лоцирани пред Правниот факултет, се претставија сите факултети и академии на специфичен и креативен начин, а во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ се одржа презентација на можностите на електронскиот индекс.
Со предавање на тема „Меѓу чаршијата и црквата“, Филолошкиот факултет при УГД ја одбележа 200-годишнината од првото печатено издание на првата антологија на европскиот и светски расказ на македонски народен јазик „Чудесата на пресветата Богородица“ од Јоаким Крчовски. Предавањето го одржа проф. д-р Димитар Пандев, редовен професор на УКИМ.