УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на Саемот за образование и кариера кој ќе се одржи во периодот од 6 до 8 април на Скопскиот саем.

УГД пред матурантите, заинтересираните граѓани и потенцијални студенти ќе ги претстави условите и можностите за студирање во рамки на своите факултети и уметнички академии.

Огромна посетеност на седмата по ред Ораторска вечер организирана од страна на Правниот факултет и Клубот на оратори „Ростра ветера“.

Универзитетиот „Гоце Делчев“ се најде на второто место од 19 рангирани високообразовни институции во Р Македонија на најновата ранг-листа на Шангајскиот универзитет.

Во знак на одбележувањето на јубилејот „10 години УГД“, како завршен момент на прославувањето, Штип во неделата (26.3.2017 г.) беше центар на државата во поглед на велосипедизмот. По вторпат, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Велосипедската федерација на Македонија ја организираа трката „Со велосипед на факултет“, со цел да се промовира велосипедизмот не само како спорт, туку и како начин на зачувување на чистата животна средина и здравите навики за младите. Како и минатата година, трката започна со настап на најмладите – децата од градинките и основните училишта во Штип до трето одделение, кои возеа промотивни два круга. Патеката оваа година беше на нова локација – булеварот „Партизанска“, од Автобуската станица до некогашен Базалт.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот говор по повод 10 години од основањето на Универзитетот истакна дека иднината на една земја не зависи толку од големината на нејзините вкупни приходи или таканаречениот БДП, ниту од убавината на разните градби, туку од бројот на образовани млади луѓе, од нивното знаење, карактерот што тие во себе го носат, односно од интелектуалниот потенцијал.

Еден од најпознатите светски дерматовенеролози, академик проф. Николај Цанков од Бугарија одржа предавање на тема „Сифилис“ пред повеќе од двесте студенти, вработени и еминентни гости на УГД. Академик Николај Цанков, чии предци потекнуваат од Штип, беше посебно горд на неговиот дедо - Панчо Накашев, роден штипјанец, кој бил емигрант во Софија, каде што отворил и една од првите аптеки во Бугарија, а патентирал и лек против Паркинсонова болест.

„Велосипедската трка која ќе се одржи во недела во рамките на одбележување на патрониот празник на Универзитетот 'Гоце Делчев' - Штип влегува во календарот и со неа ќе  се отвора сезоната на трки на Велосипедската федерација на Република Македонија“, објави на денешната прес-конферниција секретарот на Федерацијата, Сашо Ванчевски.

Страница 65 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…