УГД Живот

Пет европски земји Австрија, Исланд, Естонија, Бугарија и Македонија ќе бидат дел од работилница која ќе се организира на 27 и 28 септември во Штип како дел од проектот Te(a)chIn Sport од програмата Еразмус+. Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани искуствата од земјите учесници во проектот за волонтерството во спортот, вклучување на студентите во спортски активности и настани.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е подготвен за уписите во академската 2017/2018 година, во која според Конкурсот има вкупно 5 212  слободни места за студирање, од кои 3 218 за редовно студирање во државна квота, 1 079 редовно студирање во квотата со кофинансирање и 915 места за вонредно студирање.

Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД и Центарот за обезбедување со квалитет кон крајот на јуни беа дел од четиринаесеттата по ред Интернационална недела на Политехничкиот универзитет во Мадрид, Шпанија. На Интернационалната недела присуствуваа претставници од 40 универзитети во Европа, како и престижни универзитети во Кина и во Индија. Беа разменети искуства и добри практики. Главен фокус на дискусија беше програмата Еразмус плус, како и подобрувањето на квалитетот во спроведувањето на Еразмус плус мобилностите.

Во периодот од 11 до 14 јули 2017 година во Созомбатли, Унгарија, ќе се одржи третиот по ред состанок на работната група која е дел од Еразмус плус проектот „Te(a)chIn Sport“ во кој како партнер учествува Универзитетот „Гоце Делчев“, односно Универзитетскиот спортски центар. Проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и раководителот на Универзитетски спортски центар проф. д-р Билјана Попеска ќе го претставуваат Универзитетот во Унгарија.

Професори од ФПТН учествуваа на Меѓународна конференција за животна средина „ENVIRONMENTAL ENGINEERING AND SUSTAINABLE DEVELOPMENT“ организирана од страна на Балканското здружение за животна средина (Balkan Environmental Association – BEnA), која се одржа во Романија во градот Алба Јулиа во периодот од 25 до 27 мај 2017 година.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, престојува во посета на Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ).

Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Никола Дујовски, и продеканите проф. д-р Наташа Пеливанова и доц. д-р Марјан Ѓуровски го посетија Универзитетот „Гоце Делчев“, при што се запознаа со работењето на повеќе оддели и единици на УГД.

Страница 59 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…