УГД Живот
Дел од активностите во проектот опфаќаат креирање на наставна програма за студенти кои активно не се занимаваат со спорт и нивно мотивирање за физичка активност преку користење на мобилни апликации и иновативни технологии.
Неколку факултети од УГД ја разгледуваат можноста за длабока соработка со факултети во Бугарија со кои би можеле покрај размена на наставници и студенти да се организираат и заеднички студиски програми. Професори од Универзитетот за агробизнис и рурален развој во Пловдив оваа недела се во посета на УГД и договараат на кои нивоа може да оди соработката меѓу овие две институции.
Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, денес потпиша Договор за соработка со Универзитетот „Шенјанг“ во Кина. Станува збор за универзитет со кој професори од УГД работат на заеднички проекти, а сега соработката се продлабочува на ниво на универзитети.
Здружението „Тиквешки точакџии“ во изминатиот викенд го организираше вториот по ред Отворен фестивал во недопрените предели на планината Кожуф, со посета и запознавање на мистериозниот Алшар.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја продолжи праксата на проширување на соработката со високообразовни институции во регионот, Европа и во светот. Во посета на УГД беа професори од Универзитетот во Малме, Шведска, како и од Нови Сад. Тие остварија средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и потпишаа договори за меѓусебна соработка.
На 31 мај 2017 година, по вторпат, студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД се натпреваруваа меѓусебно во категориите гастрономија, ресторанско работење и туристички дестинации.
Минатиот викенд кадетите на „УГД студент“ во полуфиналниот натпревар загубија несреќно против екипата на „Вардар“ од 2:1, а во борбата за трето место го победија „Борец“ од Велес со 2:1. Со ова екипата на „УГД студент“ кадети го освои третото место во државата и го постигна својот најголем успех до сега. Натпреварувањето се играше во Скопје.