Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Факултетот за туризам и бизнис логистика ја одржа 4. Меѓународна научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век”. Конференцијата ја отвори проректорот за настава и студенти на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров учествуваше на Глобалната недела на претприемништво, во организација на „Стартап Македонија“.

УГД продолжува да е дел од спортските настани во Македонија. Студенти, професори и вработени учествуваа на првата трка „Run Gevgelija“, која беше организирана по повод Денот на ослободување на градот.

На 29.10.2021 година на платформата Microsoft Teams се одржа Првиот меѓународен вебинар на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип на тема „Новото време, мојот факултет и јас" (индустриска револуција) во организација на Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип.

На Научна конференција со наслов „Критични предизвици на животната средина во земјите од Западен Балкан“ универзитетски професори и експерти од регионот ги презентираа своите научни сознанија за животната средина и нивото на загаденост. Конференцијата беше во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Со предавање на директорката на Директоратот за статистика при Народната банка на Република Северна Македонија, Султана Бојчева-Терзијан, се одбележа Европскиот ден на статистиката на Економскиот факултет при УГД.

- Го посветивме денот на студентите затоа што сметаме дека тие се иднината и дека нивните одлуки ќе ги носат врза основа на статистички податоци, а со тоа и да креираат економија базирана на докази. Овие податоци кои ние ги креираме се клучен импут во носењето на секојдневните одлуки на носителите на монетарната и фискалната политика - вели Бојчева-Терзијан.

Настанот беше во организација на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Економскиот факултет има современ концепт на пренесување на теоретско знаење, но и негово валидирање преку користење на квантитативни методи. Овие податоци од Народната банка и од Државниот завод за статистика се многу важни за нас и како професори за изготвување на квалитетни анализи и истражувања - истакна проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет.

Економскиот факултет има соработка со различни институции и дел од таа соработка се реализира преку практични предавања за студентите и останатите заинтересирани.

Видео

 

Универзитетот „Гоце Делчев“ денес потпиша Меморандум за соработка со Бирото за регионален развој. Со овој меморандум се отвора можност за аплицирање на повици кои ќе бидат објавени од Бирото и заемна соработка на други заеднички проекти.

- Ние веќе размислуваме со кои факултети да се вклучиме на нивните повици кои ќе следуваат во наредниот период. Разговаравме и како ние можеме да се вклучиме во целиот регионален развој. Соработките ќе одат во насока на до опремување на факултетите, а потоа со таа опрема да развиваме обуки за студенти, невработени или некои ранливи категории во овој дел од државата - изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, од една страна, и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, од друга страна.

- Со новиот закон се отвораат многу врати за соработка со универзитетите. Овој меморандум нема да остане само во хартиена форма, туку во нашите идни повици кои ќе ги имаме ќе воспоставуваме заемна соработка со нас како институција и другата страна. Отвораме можности за универзитетите да аплицираат на проекти кои ќе можат да ги реализираат - изјави директорот Реџепи.

Со измените во легислативата универзитетите ќе имаат можност да аплицираат за развојни проекти и преку Источниот плански регион или преку соработка со други институции да придонесат за развојот на регионите.

 

Страница 3 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…