УГД Живот
Денес Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираше настан на тема „Приказна за кинеската храна“ кој беше поддржан од Кинеската амбасада во Скопје. Настанот се реализираше од страна на студентите на Факултетoт за туризам и бизнис логистика под менторство на доцент д-р Душица Попова.
Преку настан насловен „Биди претприемач“, Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ заедно со Стартап Македонија неодамна ја одбележаа Глобалната недела на претприемништвото. Настанот се организираше хибридно, односно дел од учесниците и говорниците беа онлајн, а дел со физичко присуство во свечената сала на Правниот факултет.
На 21 ноември 2021 г. во Музејот на природата и човекот во Ханти-Мансијск, Западен Сибир, беше отворена изложбата „Волшебната чипка на балканскиот филигран“, на која се претставени предмети од фондовите на Музејот за антропологија и етнографиja „Петар Велики” (Кунсткамера) на Руската академија на науките (Санкт Петербург), како и предмети од приватни колекции од Санкт Петербург.
Катедрата за Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД, во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, во знак на одбележување на 1105 години од упокојувањето на свети Климент организираа мултимедијален настан насловен „Свети Климент – темелник, светилник и инспирација“.
Правниот факултет на УГД во соработка со Меѓународната организација за миграции на Обединетите нации (ИОМ) - Скопје се вклучува во шестото издание на Глобалниот филмски фестивал за миграции (GMFF).
Во рамките на овој фестивал во четврток (9 декември) во 12:00 часот на Правниот факултет на УГД ќе се одржи проекција на филмот „За Кима. Спасување во Егејското Mоре“, кој е приказна за голем подвиг постигнат од група шпански волонтери спасители кои се преселија на грчкиот остров Лезбос по актуелната бегалска криза. Нивната целосна вокација за услуга, алтруизам и професионализам ги направија сакани херои на островот, па дури и надвор од него. Тие се на мисија со многу мали средства го предизвикуваат морето да ги спасат животите на друг вид херои, оние илјадници економски мигранти и бегалци кои секојдневно го минуваат Егејското Море од Турција до Грција со несигурни гумени чамци. Тоа е опасно и тажно патување, но тие конечно зачекоруваат европска земја.
ИОМ го стартуваше Глобалниот филмскиот фестивал за миграции во 2016 година. Во 2019 година, ГМФФ фестивал беше прикажан во 106 земји; официјалниот избор од 32 филма доведе до 600 филмски проекции, привлекувајќи глобална публика од над 40.000 луѓе.
Глобалниот филмски фестивал за миграција (GMFF) прикажува филмови и документарни филмови кои ги доловуваат ветувањата и предизвиците на миграцијата, како и уникатните придонеси што мигрантите ги даваат во нивните нови заедници. Целта на фестивалот е да го отвори патот за поголема дискусија околу еден од најголемите феномени на нашето време.
Правниот факултет при УГД во партнерство со Воената академија, во рамките на проектот на НАТО за сајбер и корпоративна безбедност и менаџирање на кризи, започна со реализација на проект „Градење на заедници отпорни на дезинформационата пропаганда со фокус на родова еднаквост и хибридни закани преку сајбер просторот“.
- „Тоа е еден од првите проекти во поширокиот регион на Југоисточна Европа, проект спонзориран од НАТО програмата на Дивизијата за јавна политика, кој се однесува на политиката на градење на резилиентни или еластични заедници. Благодарение на општините Штип и Свети Николе, кои ги здружија силите со академската заедница – Правниот факултет при УГД и Воената академија, како и значителен број на невладини организации и медиуми, направивме конзорциум со кој всушност јуришаме напред кон градење на резилиентни заедници против дезинформациите, пропагандата, со посебен фокус и осврт на родовата еднаквост и застапеност, но и на хибридните закани. Сметам дека на овој начин ќе пратиме порака која дополнително ќе биде препознаена“ - изјави Методи Хаџи Јанев, професор на Воената академија и на Правниот факултет.
- „Резилиентноста е еден нов термин кој е резултат на демократските напори за справување со безбедносните предизвици, кои доаѓаат пред сѐ од промените во општеството, во исто време да го избегнете ригидниот пристап на исклучување на сите опасности, но и да ги задржите ризиците, кои всушност се дел од она што го храни прогресот. Резилиентноста значи дека општините и заедницата ќе треба да бидат способни да го прифатат импактот на негативните вектори кои се подготвуваат да ја загрозат, да успее да опстои да функционира и да го врати назад ударот уште посилно, задржувајќи ги сите позитивни аспекти на современите технологии и модерниот начин на живеење. Локалната заедница со овој проект ќе испрати сигнал до сите оние кои сакаат да инвестираат дека овде сериозно се работи на безбедноста и сигурноста и дека капиталот нема да биде подложен на манипулации. Граѓаните ќе можат да добијат чиста и јасна информација, наместо да бидат во заблуда или пак да се справуваат со дезинформации кои создаваат апатија, несигурност и чувство на сомнеж во оние на кои им ја дале довербата да ги водат. На тој начин ќе се придонесе кон јакнење на демократските процеси, но и за останување на евроатлантската агенда“, рече Хаџи Јанев на настанот кој се одржа во салата на Советот на Општина Штип, а делумно се реализираше и онлајн, на платформата Micfrosoft teams.
Во изминатите неколку месеци Универзитетот „Гоце Делчев“ им нуди на своите студенти и на сите останати заинтересирани можност за курс од областа на сајбер безбедноста кој е развиен во партнерство со локални украински експерти од компаниите Ernst & Yang и Technomatix.