Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, беше дел од претставувањето на програма и планови  на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за побрзо закрепнување на туризмот во време кое е повеќе од неизвесно.

Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип донесе Одлука за подготовка за организирање на онлајн настава во претстојниот непарен семестар од академската 2021/2022 година.

Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, како претставник на Универзитетот беше дел од официјалното одбележување на 2 Август Илинден.

Во рамките на активностите на Универзитетскиот спортски и културен центар, а во насока на промоција на физичката активност и здравиот и активен начин на живот, УСКЦ и УГД и оваа година ќе дадат поддршка за учество на студенти и вработени во Авицена женската трка и Wizz air маратонот. 

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во јулското рангирање на Вебометрикс останува на второто место меѓу универзитетите во РСМ. Вебометрикс е организација која ова рангирање го прави врз основа на повеќе паремтри, а целта на рангирањето е промовирање на отворен пристап до знаењата генерирани од Универзитетот. При рангирањето предвид се земаат неколку параметри – веб присутноста на универзитетите со нивните капацитети (веб метриски идикатори) и истражувачки мисии (библиометриски индикатори).

Рангирањето објавено во јули 2021, на веб страницата  https://www.webometrics.info/en/Europe/Macedonia се прави врз осниова на присутноста на интернет (зафатеност на веб страна од институцијата, веб простор), отвореност (цитати од топ автори), влијание (колку институцијата се поврзува во линкови на други институции) и научност (колку научни трудови има во топ 10 % цитирани автори од повеќе научни дисциплини).

Меѓу Универзитетите од Северна Македонија, најдобро пласиран е најстариот – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На ниво на Универзитетите од Европа, Универзитетот „Гоце Делчев“ се наоѓа на 1056 место, УКИМ е на 593. На ниво на Универзитетите во светот, УГД бележи скок од 309 места во однос на рангирањето од јануари 2021, кога беше на 3462 позиција, а сега се наоѓа на 3153.

Над 5000 студенти запишани на додипломски студии во академската 2021/2022 година ќе можат да најдат сместување во државните студентски домови.

Професори, асистенти и останати вработени на УГД во саботата го „освоија“ врвот Чичи Каја на Кожув, во акција организирана од страна на Спортскиот и културен центар на УГД, Факултетот за туризам и бизнис логистика, Oпштина Гевгелија и Планинарското друштво „Двете уши“ од Гевгелија.

Страница 6 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…