УГД Живот
20.10.2015 - Универзитетскиот Пингпонгарски клуб ќе биде домаќин на 41. Балканско сениорско пингпонгарско првенство. Денес на прес-конференција проректорот за настава на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев, заедно со претставници од Пингпонгарскиот клуб и од Македонската федерација го најавија овој настан во Штип.
Студентката Билјана Велјановска од Факултетот за медицински науки неодамна го доби бронзениот медал за иновација во областа на алтернативната медицина. Билјана се претстави на саемот „Технома“ во Скопје во рамките на којшто имаше дел за иновации и патенти.
Студентите од Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип присуствуваа на снимањето на францускиот филм „А Фонд“ во режија на Никола Бенаму. За време на филмскиот сет во Градско (Велес), студентите имаа ретка можност да видат дел од процесот на подготовка и снимање на филмот и да се запознаат со македонската екипа која работи на францускиот „А Фонд“.
Брус Закерзук од Американската амбасада во Скопје денес (19 октомври) ќе го посети Штип.
2.9.2015 - Студентката Ивана Пејева од Факултетот за информатика при УГД е единствената студентка од УГД која помина двомесечна пракса во оваа реномирана научна институција. Според нејзините зборови, ова искуство ќе ѝ донесе огромна предност за работа во иднина во полето на информатичката наука.
18.9.2015 - Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“, по повод дваесет години високо образование на наставници и воспитувачи, на 24 и 25 септември 2015 год. организира Меѓународна научна конференција на тема „Образованието во 21 век - состојби и перспективи“.
4.9.2015 - Денеска свечено во Мултимедијалниот центар деканот на Факултетот за образовни науки заедно со ректорот на УГД и професорите од ФОН ја отворија Меѓународната конференција „Образованието во 21 век“.