УГД Живот
Факултетот за образовни науки организираше трибина на тема „Предизвици и перспективи на Македонија од Букурешкиот договор до денес“. Говорници беа професори од ФОН и режисерот на филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“, Илија Пиперковски. Режисерот ги истакна предизвиците со кои се соочил при подготвувањето на овој филм.
Реномираните музичари Михаљ Дреш и Миклош Лукач од Унгарија одржаа концерт во Мултимедијалниот центар на УГД. Концертот беше во организација на Музичката академија при УГД, во соработка со „Balassi Iunstitute“ и Лекторатот по унгарски јазик – Скопје. Пред почетокот на концертот, деканот на Музичката академија Антонио Китановски изјави:
Вo понеделник во 12 часот во свечената сала на ФОН ќе се одржи трибина на тема „Предизвици и перспективи на Македонија од Букурешкиот договор до денес“.
Десетина дена по дипломирањето во класата на маестро Борис Трајанов, младиот тенор Илија Белистојаноски го освои првото место на „Руската романсијада“ во Софија.
Конгресниот центар - Центар за доживотно учење и подобрување на вештините во состав на УГД се наоѓа на планината Плачковица (некогашно детско одморалиште, делумно реконструирано преку проект од инструментот за претпристапна помош на ЕУ за прекугранична соработка во соработка со Американскиот универзитет во Бугарија) три дена беше место каде што студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираа дел од студиската програма.
Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска во Кампус 2 го одбележа Светскиот ден на науката - 10 ноември. Со предавања, настап на студентите од Ликовна и од Музичка академија и со посета на средношколците се стави акцент на значењето на науката за развојот на општеството и цивилизацијата.
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Техничкиот универзитет во Кошице, Словачка, потпишаа Договор за соработка кој претставува продолжување на една одамна воспоставена соработка, уште на ниво на некогашниот Рударско-геолошки факултет.