Приказ на предметите според таг: umetnost

Како резултат на соработката меѓу Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Штип, вчера во просториите на Македонската академија на науките и уметностите беше отворена изложбата насловена „Македонија низ искуствата на загрепската минералошка школа“.

Објавено во Уметност

Доц. д-р Трајче Стојанов денес имаше промоција на својата прва поетска книга „Егзистенцијалии“. Книгата беше промовирана во НУУБ „Гоце Делчев“, а промотор на книгата беше проф. д-р Блаже Китанов.

Објавено во Уметност
Понеделник, 05 Септември 2016 14:31

Изложба „Јапонскиот лебдечки свет - UKIYOE“

Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет - UKIYOE“ ќе биде отворена на 15 септември во Штип, во фоајето на Економскиот факултет, за време на одржувањето на првиот академски час во академската 2016/2017 година. Оваа изложба пред публиката во Штип ќе биде претставена во рамки на проектот „ARTLink“, со кој Музејот на Град Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја продлабочуваат соработката со Конзулатот на Јапонија во Република Македонија.

Објавено во Уметност

Петре Штерјов, еден од најдобрите студенти на Музичката академија во Штип, ќе одржи рецитал со почеток во 17 часот. Рециталот ќе се одржи во концертната сала во просториите на Музичката академија во Штип.

Тој ќе се претстави со дела од Бах, Бетовен, Зографски, Рахмањинов и Шопен.

Објавено во Уметност

Уште еден успех на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Филмот „Потера“ на студентот Предраг Петровиќ влезе во конкуренцијата на 28. издание на филмскиот фестивал во Жирона.

Објавено во Уметност
Страница 25 од 39
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…