Приказ на предметите според таг: umetnost

Со мултимедијален настан кој се одржа во Македонската опера и балет беше одбележана 90-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, како и егзодусот на децата бегалци од делот на Македонија под Грција.

Објавено во Уметност

Со голем концерт во Македонската опера и балет ќе бидат одбележани 90 години од смртта на Крсте П. Мисирков, а воедно концертот е посветен на егзодусот на децата бегалци од делот на Македонија под Грција. Концертот е поддржан од Македонска опера и балет - Скопје, Драмски театар - Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, МНТ - Скопје, ЕВН Македонија и АЕК.

Објавено во Уметност

Долги аплаузи и бис измамија македонските музички уметници Емилија Потевска-Попивода и Бранко Павловски пред полниот салон на Mузичкиот центар „Борис Христов” во Софија. Двајцата уметници се професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На програмата насловена како Џез импресии за пијано и кларинет беа изведени: „Рапсодијата во сино” од Џорџ Гершвин, „Историјата на тангото” од Астор Пјацола, „Сонатата” од Леонард Бернштајн и посебно впечатливата интерпретација на „Кончертино” од Анте Гргин.

Објавено во Уметност
Понеделник, 17 Октомври 2016 13:40

Недела на германски филм на УГД

Неделата на германски филм на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одржува и оваа година. Дел од најдобрите германски филмови публиката ќе има можност да ги види во Мултимедијалниот центар на УГД. Неделата започнува од 31 октомври (понеделник) и ќе трае до 4 ноември (петок).

Објавено во Уметност

Доц. м-р Наташа Трбојевиќ, на пијано, и проф. м-р Васо Ристов, на труба, неодамна одржаа концерт за труба и пијано во MC Gallery во Њујорк, САД.

Објавено во Уметност
Страница 24 од 39
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…