Приказ на предметите според таг: umetnost

Повеќе до 20 студенти од Технолошко-техничкиот факултет направија спектакуларна годишна ревија на модели и изложба на фотографии под наслов „Мода меѓу редови“. НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беше преполна од млади луѓе, студенти и средношколци кои беа заинтересирани да ги видат моделите и фотографиите поврзани со мода создадени од студентите.

Објавено во Уметност

Студентите од Ликовна академија при УГД и оваа година ќе се претстават на „Паратисима“ - Скопје. Ова ќе биде нивно трето претставување на оваа манифестација. Тие ќе ја претстават Ликовната академија преку избор на слики и цртежи работени во текот на оваа академска година.

Објавено во Уметност

Студентите на Технолошко-технички факултет организираат изложба и модна ревија под наслов „Мода меѓу редови“. Овој несекојдневен настан ќе се одржи во организација на Факултетот и на НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. 

Настанот ќе се случи утре (31 мај) во 13 часот во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Поканети се сите љубители на модата и на уметноста да присуствуваат на овој настан.

Објавено во Уметност

Во четврток, 26 мај, Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ ќе го одржи Годишниот концерт. Годинава на завршниот концерт ќе се претстави Одделот за етнохармоника, предводен од проф. д-р Илчо Јованов, а на концертот ќе настапат студентите Марјан Бошковски, Мартин Бошковски, Благој Глушков, Виктор Ристовски, Трајче Јанев, Мартин Василев, придружувани од Никола Дафов на контрабас, Ристе Бунаров на гитара, Тони Наумов на пијано, Иван Манев и Гоце Чолески на ударни инструменти. На програмата ќе бидат дела од Илчо Јованов, Кочо Петровски, Милан Завков, Иван Терзиев и Благоја Дескоски.

Објавено во УГД Живот

Филмската академија во соработка со Домот на младите во Штип организираат Философско кино на тема „За љубовта“. Ова е прв ваков настан што го организира Филмската академија заедно со предметниот професор по Философија доц. д-р Трајче Стојанов.

На настанот ќе се проектира филмот „Краток филм за љубовта“ (1988) од режисерот Кшиштоф Кјешловски (Полска).

Објавено во Уметност
Страница 27 од 39
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…